Потпиши!
   Име и презиме
   E-пошта
   Коментар -
Број на kоментари: 15731   
За Конвенциjата
Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство e најсеопфатниот меѓународен договор во оваа област. Нејзина цел е воспоставување на нулта толеранција за различни облици на насилство на кои се изложени жените.
Конвенцијата стреми кон промени на начинот на размислување и менталитетот на поединците, повикувајќи го целото општество на промена на ставовите. Конвенцијата поставува темел за воведување на нови кривични дела, за ефикасно спречување на насилството, заштита на жртвата и гонење на сторителот на насилството. Повикува и на активно учество на сите релевантни општествени установи и организации на граѓанското општество на соработка дефинирана со правила и протоколи.

Конвенцијата го препознава насилството врз жените како кршење на основните човекови права. Во неа е наведено дека насилството врз жените е манифестација на историски нееднаквите односи на моќ меѓу жената и мажот, што е и причина за доминација на мажите и дискриминација врз жените. Конвенцијата ги обврзува државите кои ја потврдиле да превземат неопходни законодавни и други мерки за унапредување на правата на жените, а особено мерки за заштита на правата на жртвите без дискриминација по било кој основ. Државите се обврзни да обезбедат да државните органи, претставници, службеници, установи и сите останати актери кои делуваат во име на државата, постапуваат во склад со превземените обврски. Државите се обврзуваат да со должно внимание спречат, истражат, казнат и обезбедат накнада за дела насилство опфатено со оваа Конвенција.

Oпширнo
ПРЕВЕНЦИJА

Конвенцијата е силно насочена на превенција на насилството врз жените и семејното насилство. Државите кои се обврзале со Конвенцијата треба да обезбедат:

• Промена на општествените и културни образци на односите меѓу жените и мажите заради искоренување на стереотипите и предрасудите како и обичаите и традицијата со кои жените се прават помалку вредни од мажите.
• Спроведување на кампања за подигање на јавната свест за различно манифестирање на насилство, нивни последици и неприфаќање на насилно однесување. • Воведување во образовните системи содржини кои се однесуваат на рамноправноста меѓу жените и мажите, ненасилно решавање на конфликти, насилство врз жените, право на слобода на избор и слобода од насилство.
• Обука за вработените кои се занимаваат со жртвите или сторителите на насилство за спречување и откривање на насилството, за потребите и правата на жртвите, за спречување на додатно повредување на жртвата (секундарна виктимизација)
• Воспоставување на програма за работа со сторителите со полна безбедност и поддршка на жртвите.

ЗАШТИТА И ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ

Конвенцијата бара да се воспостави делотворна соработка меѓу сите надлежни државни органи: судови, јавно обвинителство, полиција, социјални и здравствени установи, локална самоуправа, граѓанските организации и сите други релевантни организации и лица во пружање на заштита и поддршка на жртвите и сведоци на сите облици на насилство опфатена со Конвенцијата.

Државите се обврзуваат да сите мерки на заштита и поддршка на жртвите бидат:

• Засновани на разбирање на насилството врз жените и семејното насилство од перспектива на човековите права
• Засновани на интегриран пристап кои ги зема во предвид сите актери и поширокиот контекст
• Насочени на избегнување на повторно преживување и повредување на жртви
• Насочени кон зајакнување и економска независност на жените жртви на насилство
• Прилагодени на специфичните потреби на загорзените лица и лесно достапни

Давање на поддршка на жртвите не смее да зависи од спремноста на жртваите да поднесат пријава или сведочат против било кој сторител на насилство.

Основните мерки за поддршка треба да овозможат опоравување од насилството и да опфати:

• Правно и психолошко советување
• Финансиска помош
• Домување
• Образование, обуки и помош при вработување.

СОС бесплатна телефонска линија треба да е достапна 24 часа, 7 дена во неделата, да покрива територија на целата држава и да дава совети во доверлива форма (анонимни повикувања) за сите видови на насилство.

Специјализирани услуги на поддршка за жртви на насилство треба да опфаќа:

• Лесно достапни "сигурни куќи" за безбедно сместување и проактивен пристап кон жените и нивните деца
• Соодветни, лесно достапни кризни центри за случаи на силување, односно центри за жртви на сексуално насилство кое на едно место овозможува лекарски, лабораториски и судскомедицински услуги
• Заштита и поддршка за децата сведоци на насилството кон нивните мајки

Полицијата се обврзува да веднаш и на соодветен начин реагира на сите видови на насилство опфатени со оваа Конвенција. Државата се обврзува да полицијата и другите надлежни органи во ситуација на непосредна опасност обезбеди мандат да издаваат налог на сторителот на насилството во семејството да го напушти местото на живеење на жртвата на доволно долг временски период и да му забрани пристап до живеалиштето или да стапи во контакт со жртвата.

ГОНЕЊЕ И КАЗНУВАЊЕ

Со Конвенцијата се бара да различните облици на насилство врз жените и семејното насилство бидат казниви со закон:

• Сите форми на физичко насилство
• Психичко насилство, закани и принуди
• Економско насилство
• Прогонување
• Сексуално насилство и сексуално вознемирување
• Принуден брак
• Генитално сакатење на жените
• Принудни абортус и принудна стерилизација
• Дела учинети во име на таканаречена "чест"
• Помагање или поттикнување на чинење на наведените дела

Државите се обврзуваат да превземат неопходни законодавни или други мерки и да обезбедат да овие кривични дела бидат казниви со санкции кои се делотворни, сразмерни на стореното дело и одвраќаат од вршење на такви дела. Кога е неопходно санкциите опфаќаат и лишување од слобода. Државата може да применува и други мерки кон сторителот, како што е надзор врз осудените лица или укинување на право на родителство ако принципот на најдобар интерес на детето не може да се гарантира на друг начин, што може да вклучи и безбедност на жртвата.
Државата се обврзува да при одредување на казни во врска со кривичните дела врз основа на оваа Конвенција ќе превземе соодветни мерки и ги земат во предвид следните околности:

• Кривични дела сторени врз поранешна или сегашна сопруга или партнерка од страна на член на семјството или лица кои живеат заедно со жртвата или лица кои злоупотребуваат авторитет
• Повторено кривично дело или сродни дела
• Кривични дела сторени кон лица кои се загрозени заради одредени околности
• Кривични дела сторени кон дете или во присуство на дете
• Кривични дела сторени од страна на двајца или повеќе здружени лица
• Кривично дело на кое претходело или следело екстремно насилство
• Кривично дело сторено со употреба на оружје или претење со оружје
• Кривично дело со сериозни физички или психички последици за жртвата
• Кога сторителот претходно е осудуван за кривични дела од слична природа.

Се забранува упатување на обврзно алтренативно разрешување на спорови вклучувајќи медијација и помирување во случаи на било кој облик на насилство опфатено со оваа Конвенција. Државата се обврзува да сите истражни постапки во врска со кривичните дела ги спроведе без непотребно одлагање. Се бара да сите државни органи спроведат неопходна процена на безбедносните ризици и обезбедат соодветна заштита и поддршка на жртвата и сведоците на насилството во текот на целиот процес на истрага.

Во состојба на непосредна опасност, надлежните органи мораат да имаат законска можност на наложат иселување на насилникот од живеалиштето и изречат забрана за пристап до жртвата. Државта е должна да обезбеди ефикасна примена и на други мерки за забрана за пристап и заштита.

Постапките за некои кривични дела одредени со оваа Конвенција се водат по службена должност и без пријави на жртвата и се продолжуваат дури и ако жртвата ја повлече својата изјава односно пријава. Жртвите во овие постапки можат да бараат и добијата поддршка и советници од владини или невладини организации. Државата се обврзува да превземе низа мерки со кои се грантира и штити правата и интересите на жртвата.

Државата се обврзува да превземе мерки да лицата чие живеалиште зависи од брачниот статус добијат дозвола за самостоен престој без оглед на должината на бракот односно врската. Исто така државата се обврзува да превземе мерки да родово базираното насилство кон жените се препознава како облик на прогонување како и забрана за протерување на жени кои се изложени на вакво насилство.

ИНТЕГРИРАНИ ПОЛИТИКИ И СЛЕДЕЊЕ

Конвенцијата истакнува дека ниеден посебен орган, установа или организација не може самостојно да реши проблем со насилството врз жените и семејното насилство. За ефикасен одговор неопходна е соработка и координација на сите релевантни државни органи, установи и граѓански организации.

Се очекува од Владата, Собранието и локалната самоуправа да испратат јасна порака до општеството во целина дека насилството-ниеден вид на насислтво- не е начин за решавање на потешкотиите. Сите мораат да разберат дека од сега во иднина насилството врз жените и семејното насилство нема да биде толерирано.

Државите се обврзуваат да одредат или формираат едно или повеќе тела кои треба да координираат, спроведуваат, следат и ги проценуваат политиките и мерките за спречување на сите видови на насилство опфатени со оваа Конвенција. Обврска на овие тела е да собира податоци, прави анализи и ги објавува резултатите.

Државите се обврзуваат да обезбедат соодветни финасиски средства и човечки ресурси заради адекватно спроведување на интегрираните политики, мерки и програми за спречување на сите облици на насилство врз жените и семејното насилство, вклучувајќи ги и оние кои ги спроведуваат граѓанските организации.

За да се следи како државите ги исполнуваат обврските предвидени со Конвенцијата во Советот на Европа ќе биде формирана работна група на експерти (GREVIO) кои ќе ги анализираат извештаите кои државите ги подготвуваат за секои четири години. Истовремено работната група ќе добива информации и извештаи и од граѓанските организации. Ако информациите се недоволни или некое прашање бара посебно внимание членовите на работната група на Советот на Европа ќе можат да ја посетат државата и бараат одговори. Оваа работна група ќе ги усвојува извештаите, кои би требало да помогнат на државите на подобар начин ги применат сите одредби од Конвенцијата. Извештаите ќе бидат доставувани до Комитетот на држави членки на Советот на Европа кој го усвојува извештајот на работната група.

Конвенцијата ги повикува Националните Парламенти да бидат вклучени во постојано следење на примената на одредбите од Конвенцијата.

Промоција на Конвенцијата:
Jose Mendes Bota (video)
Johanna Nelles (video)

Документи
Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Close
Close