ВОВЕДНА БЕЛЕШКА
Пред вас е базата на податоци за усогласеноста на законодавната и стратешка рамка во 6 држави од регионот - Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија, со Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејнотото насилство.

Податоците во оваа база се организирани во три полиња:

СТАТУС - податоци за состојбата (усогласеноста на законските и стратешки документи со Конвенцијата),кои може да се согледаат за секој од 51 избран член од Конвенцијата),според годините (почнувајќи од 2014) и во однос на секоја од државите; Покрај текстот,тие содржат и оценка на состојбата со скала од 0-4, прикажани со два графички прилога: во временска димензија и поредени по држави;

ИНДИКАТОРИ - Податоци за имплементација на Конвенцијата во секоја држава,кои ќе бидат сукцесивно внесувани;

ИЗВЕШТАИ - каде ќе бидат достапни официјалните, државни, извештаи како и “извештаите во сенка”, кои ќе ги подготвуваат женските организации , во врска со примената на Конвенцијата.

Базата на податоци е настаната со цел да се обезбеди следење на напредокот на државите во исполнувањето на меѓународните обврски, вклучувајќи го и јавниот притисок врз носителите на одлуките и институциите , стандардите на Конвенцијата непосредно да ги применуваат во пракса.

Изработката на базата на податоци финансиски е поддржана од Европската унија низ регионалниот проект “Со здружени напори - кон нови европски стандарди во заштита на женатa oд родово базирано насилство”
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.