|
| MK |
| 2014 |
| Одберете член од Конвенцијата |
| Член |
| Член 52 - Итни мерки на заштита |
| Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека надлежните органи имаат овластување да му наредат, во ситуации на непосредна опасност, на сторителот на домашно насилство да го напушти живеалиштето на жртвата или на лицето изложено на ризик за доволен временски период и да му забранат на сторителот да влегува во живеалиштето, или да контактира со жртвата, или со лицето изложено на ризик. Мерките преземени во согласност со овој член ставаат приоритет врз безбедноста на жртвите, или на лицата изложени на ризик. |
|
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард) 1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена) 2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање 3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената. 4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа |
||
| Генерална проценка на членот 52 Итни мерки на заштита | ||
| Подредување помеѓу државите на членот 52 Итни мерки на заштита | ||
| ПРАШАЊА |
| a. Дали постојат итни мерки на заштита како што е дефинирано во членот 52? Дали може да се изречат во рок од 24 часа од утврдувањето на непосредна опасност за жртвата? Кој одлучува за овие мерки? Каков вид постапка е потребна (судска, административна, итн.)? Дали сторителот може да се жали? Кои критериуми треба да бидат исполнети за да може да се изрече итна мерка на заштита ? Колкаво е максималното траење/должина? |
| Одговор: Не постојат законски одредби за итни мерки на заштита во смисла на одредбата од членот 52. Единствено во рамките на привремени мерки на заштита од семејно насилство предвидени со член 94-е од Законот за семејство, надлежниот суд во судска постапка може на сторителот на семејното насилство да му одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд како една од привремените мерка на заштита од семејно насилство. Но, овие мерки немаат карaктер на итни мерки на заштита. |