|
| MK |
| 2014 |
| Одберете член од Конвенцијата |
| Член |
| Член 32 - Граѓански последици од присилни бракови |
| Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за да обезбедат дека браковите склучени под присила може да се сметаат за ништовни, да се поништат или да се разведат без непотребно финансиско или административно оптоварување за жртвата. |
|
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард) 1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена) 2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање 3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената. 4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа |
||
| Генерална проценка на членот 32 Граѓански последици од присилни бракови | ||
| Подредување помеѓу државите на членот 32 Граѓански последици од присилни бракови | ||
| ПРАШАЊА |
| a. Дали законската рамка овозможува основа за ништовност, поништување или разведување на брак склучен со примена на сила? Објаснете ја постапката? Дали жртвите се обврзани да платат какви било трошоци или покрај своето сведочење да обезбедат други докази? Дали жртвите во постапката имаат друга положба заради основата, прекинување на присилен брак? |
| Одговор: Законот за семејството како полноважен брак го смета бракот кој е склучен со слободно изјавена волја пред надлежен орган (член 15). Со законските одредби јасно се потенцира дека бракот не е полноважен кога согласноста за склучување брак е дадена под присила или во заблуда (член 19). Во делот на одредбите за поништување на брак, Законот за семејството предвидува дека бракот ќе се поништи ако се утврди дека при неговото склучување постоела некоја од брачните пречки, помеѓу другите и од погоре цитираниот член 19 на Законот (член 35). |
| a. Дали законската рамка овозможува основа за ништовност, поништување или разведување на брак склучен со примена на сила? Објаснете ја постапката? Дали жртвите се обврзани да платат какви било трошоци или покрај своето сведочење да обезбедат други докази? Дали жртвите во постапката имаат друга положба заради основата, прекинување на присилен брак? |
|
Одговор: Законот за семејството како полноважен брак го смета бракот кој е склучен со слободно изјавена волја пред надлежен орган (член 15). Со законските одредби јасно се потенцира дека бракот не е полноважен кога согласноста за склучување брак е дадена под присила или во заблуда (член 19). Во делот на одредбите за поништување на брак, Законот за семејството предвидува дека бракот ќе се поништи ако се утврди дека при неговото склучување постоела некоја од брачните пречки, помеѓу другите и од погоре цитираниот член 19 на Законот (член 35). Член 35 - Поништување на брак Бракот ќе се поништи ако се утврди дека при неговото склучување постоела некоја од брачните пречки предвидени во членовите од 16 до 22 на овој закон. Постапка за поништување на брак склучен под принуда може да иницира само брачниот другар кој бил принуден да го склучи бракот. Тужба може да се поднесе во рок од една година од денот кога опасноста од извршувањето на принудата престанала (член 36 став 2). Правото на тужба за поништување на брак склучен под принуда е ограничено само за времетраењето на бракот. Член 36 Поништување на брак може да бара еден од брачните другари, јавниот обвинител, како и физичко и правно лице кое за тоа има правен интерес, ако со овој закон не е определено поинаку. Поништување на брак склучен под принуда може да бара само брачниот другар кој бил принуден да го склучи бракот. Тужба може да се поднесе во рок од една година од денот кога опасноста од извршувањето на принудата престанала. Поништување на брак склучен во заблуда може да бара само брачниот другар кој во заблуда се согласил да склучи брак. Тужба може да се поднесе во рок од една година од денот на дознавањето на заблудата. Член 38 Тужба за поништување на бракот поради причините утврдени во членовите од 16 до 22 на овој закон, освен кога се работи за принуда, заблуда, како и за малолетство, може да се поднесе и по престанок на бракот. Во постапката за поништување на бракот, обврската за обезбедување на докази е на товар на тужителот, а за судските трошоци одлучува судот во зависност од исходот на постапката и општите правила за парничните постапки. |