|
a. Ве молиме наведете ја секоја од горенаведените служби, кои постојат во вашата земја. Дајте кратка информација за географската дистрибуција на секоја услуга (на национално, регионално, локално ниво). Кој ги обезбедува овие услуги: државните органи (ве молиме наведете), локалните институции, невладините организации, други (наведете)? Дали тие се бесплатни? Кој ги следи и оценува овие услуги и како? Ве молиме, наведете дали тие се достапни на сите жртви на НВЖ/ДН и објаснете. Кој ги финансира овие услуги? Кој и како ги акредитира?
|
Одговор: Државните шелтер-центри за жртви на семејно насилство се воспоставени во четири града и тоа во Скопје, Битола, Кочани и Свети Николе. Тие функционираат како засолништа на национално ниво, така што во нив може да се сместуваат жртви на семејно насилство (мајки со деца) од сите градови на Македонија. Овие сервиси непосредно се управуваат од Центарот за социјална работа, во чиј состав се воспоставени (ЦСР Скопје, ЦСР Битола, ЦСР Кочани и ЦСР Свети Николе. Средствата за нивно тековно работење ги обезбедува МТСП во рамките на буџетските средства. Нивната распространетост не го задоволува критериумот на достапност до секоја жртва и рамномерната територијална распространетост. Досега се воспоставени две советувалишта и тоа Советувалиште за жртви на семејно насилство и Советувалиште за сторители на семејно насилство. Овие два ресурса се во состав на ЈУ МЦСР Скопје, како посебни организациски делови. Во тек е отворање на советувалиште за третман на сторители на СН во рамките на ЈУ МЦСР Битола. Организацијата на работењето и начинот на испорака на услугите е во надлежност на ЦСР Скопје. Надзор над стручната работа во посочените шелтер-центри и советувалишта го врши Заводот за социјални дејности, кој обезбедува и стручна помош на стручните лица ангажирани во истите. Пристапот до шелтер-центрите и советувалиштата е бесплатен за корисниците на услугите. Трошоците за работа се обезбедуваат од буџетските средства на МТСП. Евидентно е дека и невладините организации обезбедуваат специјализирани услуги за поддршка на жртвите на семејно насилство. Според достапните информации, само една од организациите (лоцирана во Струмица) обезбедува сместување во шелтер центар во траење до 6 месеци, со можност за продолжување на овој период. Покрај тоа, две организации нудат итно сместување до 48 часа за жени- жртви на насилство и нивните деца, лоцирани во Скопје. Капацитетите на постоечките прифатилишта за сместување се мали, односно многу мал број жени можат да бидат сместени истовремено, посебно ако го имаме предвид фактот дека многу често жените бараат засолниште заедно со своите деца. Во поглед на СОС-линии за помош, три организации обезбедуваат бесплатна, национална СОС-линија која работи 24/7. Активни се уште четири други организации кои оперираат со локални СОС-линии, но кои го покриваат само регионот каде се лоцирани. Во ниедна од организациите не е обезбедена помош на сите јазици истовремено. Од 2010 година, невладините организации го започнаа процесот на воспоставување на стандарди за обезбедување на бесплатна правна помош. Подготвените стандарди се однесуваат на: унифициран систем на собирање податоци; унифицирани процедури за прифаќање на случаи; интервјуирање – доверливост; родово сензитивна средина; процена на ризик; континуирана работа на подобрување на координацијата и упатувањето. Сепак, слично со другите услуги, во моментот обезбедување на бесплатна правна помош се однесува најчесто на случаи на семејно насилство. Во текот на 2013 година започна воспоставувањето на стандардите за обезбедување на директни сервиси за жртви на семејно насилство.
|