|
| MK |
| 2014 |
| Одберете член од Конвенцијата |
| Член |
| Член 19 - Информации |
| Страните ги преземаат потребните законодавни и други мерки за да обезбедат дека жртвите добиваат соодветни и благовремени информации за расположивите услуги на поддршка и правни мерки на јазик што го разбираат. |
|
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард) 1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена) 2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање 3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената. 4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа |
||
| Генерална проценка на членот 19 Информации | ||
| Подредување помеѓу државите на членот 19 Информации | ||
| ПРАШАЊА |
| a. Дали жртвите на сите форми на насилство опфатени со Конвенцијата, имаат право да бидат информирани за услугите и постапките што им стојат на располагање со цел да добијат помош и поддршка? Ако одговорот е да, наведете дали тоа е гарантирано во правни и/или политички документи (закони, државен / регионален / локален стратешки документ, внатрешните правила и прописи, меморандум за разбирање). Кој обезбедува такви информации? Дали обезбедувачот на таквите информации е должен да достави соодветна и навремена информација. Ве молиме претставете го специфичното правило за доставување на информации и дајте коментар за тоа. На кои јазици може да се обезбеди информација? Ако странците имаат право на услуги, дали ќе се обезбеди превод на нивниот јазик или тоа ќе биде превод на јазик кој пошироко се користи? |
| Одговор: Обврската за информирање на жртвите за услугите и постапките што им стојат на располагање со цел да добијат помош и поддршка е утврдена само за жртвите на семејно насилство. Оваа обврска е регулирана со Правилникот за начинот на спроведување и следење на изречените мерки за заштита на семејството и лицата-жртви на семејно насилство. Според чл.12 стручните лица во ЦСР во рамките на давањето правна помош се должни да ја советуваат жртвата за правата и законските постапки кои може да се покренат. |
| a. Дали жртвите на сите форми на насилство опфатени со Конвенцијата, имаат право да бидат информирани за услугите и постапките што им стојат на располагање со цел да добијат помош и поддршка? Ако одговорот е да, наведете дали тоа е гарантирано во правни и/или политички документи (закони, државен / регионален / локален стратешки документ, внатрешните правила и прописи, меморандум за разбирање). Кој обезбедува такви информации? Дали обезбедувачот на таквите информации е должен да достави соодветна и навремена информација. Ве молиме претставете го специфичното правило за доставување на информации и дајте коментар за тоа. На кои јазици може да се обезбеди информација? Ако странците имаат право на услуги, дали ќе се обезбеди превод на нивниот јазик или тоа ќе биде превод на јазик кој пошироко се користи? |
|
Одговор: Обврската за информирање на жртвите за услугите и постапките што им стојат на располагање со цел да добијат помош и поддршка е утврдена само за жртвите на семејно насилство. Оваа обврска е регулирана со Правилникот за начинот на спроведување и следење на изречените мерки за заштита на семејството и лицата-жртви на семејно насилство. Според чл.12 стручните лица во ЦСР во рамките на давањето правна помош се должни да ја советуваат жртвата за правата и законските постапки кои може да се покренат. Член 12 - Правна помош и застапување Правна помош на лице-жртва на семејно насилство се обезбедува со советување за правата и законските постапки кои можат да се покренат за надминување и спречување на семејното насилство, од страна на стручно лице во Центарот за социјална работа. Правото на жртвата да биде информирана за достапните услуги и постапки на помош и поддршка во случаи на семејно насилство е предвидено во Заедничкиот протокол. Имено, стручните лица во ЦСР имаат обврска да ја информираат жртвата на семејно насилство за мерките на заштита и привремените мерки за заштита, како и за правата од социјална заштита. За полициските службеници протоколот воспоставува обврска при интервенцијата да ја информираат жртвата на семејното насилство за нејзините права и достапни услуги (сервиси за нејзина заштита). Ваквата обврска од протоколот не произлегува од подзаконските акти кои го уредуваат постапувањето на стручните лица во ЦСР и на полициските службеници. Не е уреден ниту начинот на кој се дава информацијата, вклучително и јазикот. |