|
| MK |
| 2015 |
| Одберете член од Конвенцијата |
| Член |
| Член 18 - Општи обврски |
|
1. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки за заштита на сите жртви од какви било натамошни акти на насилство. 2. Страните ги преземаат потребните законодавни или други мерки, во согласност со внатрешното право, за да обезбедат соодветни механизми за ефективна соработка меѓу сите релевантни државни органи, вклучувајќи ги судството, јавните обвинители, органите за спроведување на законот, локалните и регионалните власти, невладините организации и другите релевантни организации и субјекти, при заштита и поддршка на жртвите и сведоците на сите форми на насилство опфатени со Конвенцијата, вклучувајќи и преку упатување до општи и специјализирани служби за поддршка, како што е детално опишано во членовите 20 и 22 од оваа Конвенција. 3. Страните обезбедуваат дека мерките преземени во согласност со ова поглавје: - се засновани врз родово разбирање на насилството врз жените и домашното насилство и се фокусираат врз човековите права и безбедноста на жртвата; - се засновани врз интегриран пристап којшто го зема предвид односот меѓу жртвите, сторителите, децата и нивната поширока општествена средина; - се насочени кон избегнување секундарна виктимизација; - се насочени кон јакнење и економска независност на жените-жртви на насилство; - дозволуваат, кога тоа е соодветно, низа услуги за заштита и поддршка на жртвите да бидат сместени во исти објекти; - се третираат специфичните потреби на ранливите лица, вклучувајќи ги и децата-жртви, и да им се достапни. 4. Давањето услуги не зависи од волјата на жртвата да покрене обвинение или да сведочи против кој било сторител. 5. Страните ги преземаат потребните мерки за да обезбедат конзуларна и друга заштита и поддршка на своите државјани и на други жртви кои имаат право на таква заштита во согласност со постојните обврски според меѓународното право. |
|
0 - Прашањето не е регулирано со Закон / политиката или постоечката регулатива е многу далеку од стандардот на Конвенцијата (стандардот од Конвенцијата се смета за минимум стандард) 1 - Постои регулатива ама не е постигнат стандардот на Конвенцијата ( во решавање и во примена) 2 - Постигнат стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решавање 3 - Постигнување на стандард на Конвенцијата или сосема близу на стандардот во решение и во примената. 4 - Прашањето во државата е решено над стандардите на Конвенцијата на Совет на Европа |
||
| Генерална проценка на членот 18 Општи обврски | ||
| Подредување помеѓу државите на членот 18 Општи обврски | ||
| ПРАШАЊА |
| a. Каков вид процедури и услуги се достапни за жртвите на НВЖ и ДН во земјата, со цел да ги заштити жртвите од натамошни акти на насилство на нејзината територија? Ве молиме наведете го видот на постапката и видот на случаите. |
| Одговор: |

| б. Дали се усвоени законски или други мерки за обезбедување на соодветна и ефикасна соработка помеѓу судството, јавните обвинители, службите за спроведување на законот, регионалните и локалните власти, и/или невладините организации, или други релевантни фактори со цел да се заштититат и поддржат жртвите? Дали овие механизми се институционализирани (формирани од страна на официјални протоколи или други документи), или се резултат на неформални договори (постигнати на состаноци, тркалезни маси и сл.)? Ве молиме, исто така, обезбедете информации за нивото на соработка (државно, регионално, локално, итн.), и природата (видот предмети, прашања за политиките и сл.). Добрата соработка може да се дефинира како соодветна, релевантна и ефикасна ако се преземе навремено и доколку координацијата е насочена кон резултатите. |

| в. Дали овие мерки се во согласност со стандардите поставени од страна на Конвенцијата, чл. 18 став 3? Важно: овој член се протега на сведоци, па посебно внимание треба да се посвети на децата, како сведоци при оценувањето на овие механизми. Исто така, терминот „ранливи жртви”, ги вклучува и следните лица: бремени жени и жени со мали деца, лица со посебни потреби, лица кои живеат во руралните или оддалечените области, лица кои злоупотребуваат супстанции, проститутки, лица од етнички малцинства, мигранти, вклучувајќи и лица кои немаат статус на мигранти и бегалци, геј мажи, лезбејки жени, бисексуалци и травестити, ХИВ позитивни, бездомници, деца, постари лица (види став 87 од Извештајот со објаснувања). Дали овие мерки (процедури и услуги на располагање) се бесплатни? Ве молиме наведете го видот на трошоците, доколку е можно. Кој ги финансира овие мерки? Државниот буџет, меѓународната заедница и/или некој друг. |

| г. Дали жртвата треба да соработува со властите, односно да сведочи против сторителот или да поднесе пријава со цел да се здобие со услуги, како што се сместување, помош, или информации за правната регулатива? Дали одлуката за правна помош е поврзана со подготвеноста за соработката на жртвите? |

| д. Дали жртвите - државјани и државјани на другите земји имаат право на овие услуги? Ако одговорот е да, наведете земји опфатени со конкретни мерки. Каков е статусот на барателите на азил, лица без државјанство или легален престој и сл.? |