|
| MK |
| 2014 |
| Одберете член од Конвенцијата |
| Член |
| Член 22 - Специјализирани услуги на поддршка |
|
1. Страните ги преземаат потребните законодавни и други мерки за да обезбедат, со соодветна географска дистрибуција, непосредни, краткорочни и долгорочни специјализирани услуги на поддршка на секоја жртва подложена на кој било од актите на насилство опфатени со оваа Конвенција. 2. Страните обезбедуваат или овозможуваат специјализирани услуги за поддршка на жени, на сите жени-жртви на насилство и нивните деца. |
| ИНДИКАТОРИ |
| 1. Степен на вграденост на мерки/одредби кои го дефинираат давањето на непосредни краткорочни и долгорочни специјализирани услуги за поддршка1 на жртвите опфатени со оваа Конвенција, во релевантни закони/под законски акти/стратегии и политики. |
| Одговор: |
| 1. Степен на вграденост на мерки/одредби кои го дефинираат давањето на непосредни краткорочни и долгорочни специјализирани услуги за поддршка1 на жртвите опфатени со оваа Конвенција, во релевантни закони/под законски акти/стратегии и политики. |
| Одговор: |
|
[1] Во образложението на овој член од Конвенцијата се наведува дека „специјализирани услуги за поддршка" подразбираат „оптимална поддршка и помош прилагодени на специфичните потреби на жените“ и ги вклучуваат „сите видови насилство“ и „сите групи на жени, вклучувајќи ги и оние до кој е тешко да се дојде“, а опфаќаат „засолништа, односно сигурно сместување, директна лекарска помош, собирање форензички медицински докази во случаи на силување и сексуално злоставување, краткорочно и долгорочно психолошко советување, нега во случај на траума, правно советување, застапување и теренски активности, телефони за помош кои ги упатуваат жртвите да се обратат на вистинската служба, како и специфични услуги за деца жртви на насилство“, и дека „голем дел обезбедуваат женските организации и службите за поддршка“ (пар. 132). |