PDF     PDF    
Скопје 22/08/2017
JАВНО БАРАЊE
PDF     PDF    
Скопје 22/08/2017
JАВНО БАРАЊE

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство испрати Јавно барање и Предлог политика до кандидат(к)ите за градоначалници на локалните избори 2017 за вклучување на специјализирани сервиси за жени и девојчиња жртви на различни форми на насилство во предизборните програми (двата документи се во прилог). Тоа би значело воспоставување и обезбедување одржливост на минимум пакет на специјализирани сервиси во рамки на еден плански регион, а со кој ќе се унапреди достапноста и пристапноста на сервисите за жените од урбаните и руралните заедници, како и за жените со различни видови попречности. Пакетот на сервиси опфаќа: засолниште/шелтер центар, кризен центар, СОС линија, советувалишен центар за психо-социјална поддршка и бесплатна правна помош. Дополнително, кандидат(к)ите за градоначалници очекувано е да предвидат и пакет на социјални мерки за жени жртви на семејно насилство кои ќе го олеснат процесот на осамостојување и економско јакнење на жените кои ќе одлучат да ја напуштат насилната средина.

Р. Македонија веќе започна со процесот на ратификација на Истанбулската конвенција, која предвидува вклучување на локалната самоуправа во обезбедување на заштита од сите форми на родово базирано насилство, како што веќе е дефинирано и во постоечкиот Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство (чл. 5, единиците на локалната самоуправа се дел од надлежните органи и институции кои „преземаат мерки за заштита на жртвата и спречување на насилство, остваруваат меѓусебна соработка и координација“).

Јавната заложба на кандидат(к)ите за градоначалници ќе биде значаен чекор во решавање на проблемот на достапни сервиси и услуги за жртви на родово базирано насилство на локално ниво и ќе биде јасен показател за свесноста за постоење на овој проблем кој го засега половина од населението.

SHARE:
Prev            Prev
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.

Close
Close