PDF    
Сараево 29/05/2016
УСВОЕНА ИНИЦИJАТИВА
PDF    
Сараево 29/05/2016
УСВОЕНА ИНИЦИJАТИВА

Претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов, учествуваше на состанокот на лидерите „Брдо Бриони“ кој се одржа во Сараево на 28. и 29. мај 2016 година. На состанокот се дискутираше за прашањето на регионална соработка во спречувањето и борбата против насилството врз жените и семејното насилство. Оваа иницијатива беше покрената со усвојувањето на Подгоричката декларација на меѓународната конференција која се одржа во Подгорица во 2015 година во рамки на проектот, која им беше упатена на лидерите на состанокот.

Во заклучоците од состанокот се наведува дека учесниците во процесот се обврзуваат дека ќе ја јакнат родовата рамноправност, посебно на лидерските позиции, и дека ќе работат на искоренување на насилството врз жените и семејното насилство во Југоисточна Европа, во соработка со релевантините невладини организации.

Процесот „Брдо Бриони“ е состанок на шефовите на државите од Југоисточна и Централна Европа, кој беше покренат од Словенија и Хрватска за решавање на отворените прашања преку регионална соработка. Во рамки на оваа иницијатива, шефовите на државите се среќаваат еднаш годишно, а секојпат учествува и по еден почесен гостин од земја-членка на ЕУ.

Следната средба во 2017 година треба да се одржи во Р. Македонија. 

Заклучоците на англиски јазик се достапни во прилог.

SHARE:
Prev            Prev
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.

Close
Close