Европската мрежа Жени против насилство (WAVE), чии членки се и Националниот совет за родова рамноправност и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, започнува европска кампања која ќе се одвива во текот на следните две години. Членките на WAVE ќе се залагаат за унапредување на правата на жените жртви на насилство и нивните деца за пристап до сервиси за поддршка и заштита. |
Европската мрежа на жени против насилство (WAVE) и Националниот совет за родова рамноправност ги повикуваат носителите на одлуки на национално и европско ниво: 1) Активно да ги поддржат мерките за заштита на жените жртви на насилство; 2) Да се заложат за подобрување на пристапот до специјализирани сервиси за поддршка на сите жени и нивните деца; 3) Да се заложат за зголемување на бројот на специјализирани сервиси за поддршка и заштита на жените жртви на насилство и нивните деца; 4) Да се заложат за подобрување на квалитетот на сервисите за поддршка и за финансиска поддршка на женските организации кои ги нудат тие сервиси. Поради тоа што насилството врз жените е општествен проблем кој влијае на економската слобода и потенцијал на жените и со тоа има огромни последици врз економијата во светски рамки, оваа кампања повикува на ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ во Македонија и во Европа. |
Европската мрежа Жени против насилство (WAVE), чии членки се и Националниот совет за родова рамноправност и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, започнува европска кампања која ќе се одвива во текот на следните две години. Членките на WAVE ќе се залагаат за унапредување на правата на жените жртви на насилство и нивните деца за пристап до сервиси за поддршка и заштита. Поради тоа што насилството врз жените е општествен проблем кој влијае на економската слобода и потенцијал на жените и со тоа има огромни последици врз економијата во светски рамки, оваа кампања повикува на ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ во Македонија и во Европа. |
Кампањата ja поддржува: | ||
![]() |
||
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија. |