Загреб, 5-7/10/2015
СТУДИСКО ПАТУВАЊE

Загреб, 5-7/10/2015
СТУДИСКО ПАТУВАЊE

Во рамки на проектот „Јакнење на улогата на жената во борбата против родово засновано насилство, дискриминација и пост-конфликтна демократска транзиција”, од 5 до 7 октомври 2015 год., Националниот совет за родова рамноправност од Скопје, во партнерство со Центар за жени жртви на војната „Роса“ од Загреб, организираше студиско патување во Загреб за седумчлена група од претставнички на институции кои работат на полето на родово базираното насилство, и тоа: од Министерство за надворешни работи - Евгенија Илиева, од Министерство за правда - Тања Кикерекова, од Министерство за труд и социјална политика (сектор за еднакви можности) - Даниела Хаџи-Димитрова Јованова, заменичката на Народниот правобранител Васка Бајрамова-Мустафа, директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје - Биљана Јарчевска, Савка Тодоровска од НСРР (национална СОС мобилна линија) и координаторката од НСРР за Македонија Светлана Јанева.

Патувањето беше со цел размена на хрватското искуство и нивни позитивни практики за исполнување на условите за пристап во Европската унија, особено во областа на родово базираното насилство. Групата имаше работни состаноци во: Министерство за надворешни работи и европски прашања на Р. Хрватска, Народна правобранителка за родова рамноправност на РХ, Народна правобранителка за деца на РХ, Завод за вработување, Министерство за социјална политика и млади, Собрание на Р. Хрватска (Комисија за родова рамноправност), Министерство за правда, Автономна женска куќа, Центар за жени жртви на војната “РОСА” и Центар за женски студии.

На состаноците беа разменети искуства, позитивни практики и чекорите кои Република Хрватска ги преземала во претпристапниот период за усогласување на законодавството за родово базирано насилство, а кои Република Македонија би требало да ги преземе за прием во ЕУ.

SHARE:
Prev            Prev
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.

Close
Close