Скопје, 9/10/2014 РАБОТИЛНИЦА |
Скопје, 9/10/2014 РАБОТИЛНИЦА |
Во организација на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство беше одржан работен состанок на тема „Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и домашно насилство (Истанбулска конвенција)“. |
- Да се започне и создаде пракса на споделување на лични контакти на лицата кои се задолжени да се справуваат со проблемите на насилство врз жените и семејно насилство, при што ќе се овозможи поблиска и континуирана комуникација на сите институции и општините; - Да се интензивира работата со сторителите на насилство врз жените и семејното насилство; - Да се креира програма за едукација од најмала возраст, во градинки и училишта, која ќе биде кратка и концизна и ќе соодвестува со возраста на децата пред кои ќе се презентира; - Да се контактираат институциите и здруженијата на граѓани кои работат во делот на превенција и заштита од насилство врз жени и деца и семејно насилство со цел да предложат квалификувани лица за спроведување на предавања во основните и средните училишта; - Институциите и здруженијата на граѓани кои работат во делот на превенција и заштита од насилство врз жени и деца и семејно насилство со цел да предложат квалификувани лица за спроведување на предавања во Комисиите за еднакви можности.
|
Во организација на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство беше одржан работен состанок на тема „Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жени и домашно насилство (Истанбулска конвенција)“.
|
Кампањата ja поддржува: | ||
![]() |
||
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија. |