Кавадарци, 18/06/2015
СРЕДБА

Кавадарци, 18/06/2015
СРЕДБА

На 18.06.2015 год., во Кавадарци, ОЖ Визија-Кавадарци одржа средба со претставници/чки на институциите кои работат со жртвите на семејно и родово базирано насилство.

Присутни беа претставници од: Центарот за социјална работа (ЦСР), Министерство за внатрешни работи, подрачна единица Кавадарци, Основно јавно обвинителство – Кавадарци, локална самоуправа, Медицински центар, образование и др.

За време на средбата секој од учесниците учествуваше во дискусијата и секој кажуваше за начинот на нивното работење, начинот на прием на жртвите на семејно насилство и нивната заштита и згрижување. Беа изнесени конкретни примери на постапување, заеднички се договараше како да се постапува во конкретни случаи и заеднички да се делува.

Од страна на претставниците од образованието се потенцираше дека во училиштата, со цел намалување на насилничкото однесување меѓу децата, од страна на МТСП, била воведена програма за вештини на ненасилно однесување и дека со таквата програма се постигнале ефекти за намалување на насилничкото однесување меѓу учениците. Истата била моментално укината и се предлага повторно да продолжи. Претставничката од ЦСР кажа дека после случувањето на трократното убијство во Кавадарци жените го зголемиле интензитетот на пријавување во ЦСР.

Заклучок од средбата беше поддршка и целосна примена на одредбите на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на жените од родово засновано насилство.

SHARE:
Prev            Prev
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE
Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka
Savet Evrope
 
NSRP UBL AC Drutvo SOS telefon CZR Sigurna enska kuca WAVE Pecevo Vizija Nacionalna mrea LGTBI Helsinki Ezerka Savet Evrope
 
Кампањата ja поддржува:
EU
Содржината на летокот е исклучиво одговорност на авторките и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европска Унија.

Close
Close